Малите и средните претпријатија од Вардарскиот регион во индина ќе можат да користат средства од нова кредитна линија на Светска банка наменета за зголемување на конкурентноста на полето на екологијата, заштитата при работа и за енергетска ефикасност. Колкава ќе биде сумата што како ќе ја добијат компаниите како кредит, ќе зависи од нивниот интерес за него. Кредитот се однесува на фирмите што се занимаваат со екологија, заштита при работа и енергетска ефикасност. Интересот е добар и мислиме дека ќе има доста фирми што ќе сакаат да користат средства од оваа линија. Иницијатор за добивање на средства од Светската банка се Вардарскиот плански регион. Оттаму велат дека за ова се одлучиле да ги поканат фирмите од регионот кои работат на полето на екологијата. Ги одбравме фирмите кои работат на полето на вадење на еколошка интегрирана дозвола. Сметаме дека оваа кредитна линија е токму наменета за нив и добро може да им користи.
Малите и средните претпријатија од Вардарскиот регион во индина ќе можат да користат средства од нова кредитна линија на Светска банка наменета за зголемување на конкурентноста на полето на екологијата, заштитата при работа и за енергетска ефикасност.
Колкава ќе биде сумата што како ќе ја добијат компаниите како кредит, ќе зависи од нивниот интерес за него.
- Кредитот се однесува на фирмите што се занимаваат со екологија, заштита при работа и енергетска ефикасност. Интересот е добар и мислиме дека ќе има доста фирми што ќе сакаат да користат средства од оваа линија - вели Верица Хаџи Василева Марковска, раководител на проектот.
Иницијатор за добивање на средства од Светската банка се Вардарскиот плански регион. Оттаму велат дека за ова се одлучиле да ги поканат фирмите од регионот кои работат на полето на екологијата.
- Ги одбравме фирмите кои работат на полето на вадење на еколошка интегрирана дозвола. Сметаме дека оваа кредитна линија е токму наменета за нив и добро може да им користи - вели Александар Бузалков, раководител на Вардарскиот плански регион.
Оваа кредитна линија на фирмите од регионот на Повардарието ќе им овозможи да добијат 10 до 20 проценти грантови. Токму поради тоа оваа кредитна линија предизвика голем интерес кај сопствениците на компаниите.